SEE EDC INFO

Институции

Продукти

Настани

Вести

Експерти и тренери

За SEE EDC INFO

Како се користи

Како да се поврзам

Како да дадам свој придонес

Опции за пребарување

За SEE EDC INFO

Што значи „SEE EDC INFO“

South East Europe Education for Democratic Citizenship INFOrmation
(Информации за демократско граѓанство во југоисточна европа)


Што мислиме со "Образование за демократско граѓанство" - EDC?

Образование за демократско граѓанство (EDC) како терми беше воведен и воспоставен од страна на Советот на Европа во доцните 1990-ти и денес претставува меѓународно употребуван и широко распространет концепт. Овој концепт „ги вклучува сите практики и активности што се дизајнирани за да им помогнат на младите луѓе и на возрасните за нивно активно учество во демократскиот живот со прифаќање и практикување на соите права и обврски во општеството.“ (http://www.coe.int/edc).

Ние го разбираме EDC како еден вид генерички термин што се состои од различни видови „образование“ (на пример: образование за човекови права, граѓанско образование, политичко образование, медиумско образование, образование за мир, глобално образование, интеркултурно образование, образование за одржлив развој). За детали види: http://www.impact-see.org/edc_links.htm

Секое од овие видови „образование“ придонесува на свој начин кон промоција на една култура на демократија и човекови права.

Образованието за човекови права, на пример, се фокусира на темата „човекови права“: тоа се занимава со меѓународни правни инструменти, со повреди на човековите права и со можности за зајакнување на улогата на човековите права. Политичкото образование се фокусира на политичкиот систем: негова цел е да објасни, како функционира политиката и како граѓанинот може да учествува во донесувањето одлуки. Образованието за мир се концентрира на способност на индивидуата за мирно решавање на конфликти. Образованието за одржлив развој се занимава со прашањето, како да се биде сигурен во тоа дека нашите потреби се исполнети без да се компромитираат за потребите на идните генерации.

Една култура на демократија и човекови права именува визија за тоа, како една заедница треба да функционира идеално. Идеално значи дека секој од нејзините членови може да живее во слобода и според нивните идеи, но без да се компромитираат слободата и идеите на другите. Во една диктатура таквата визија во голема мера не може да се реализира. Во еден демократски систем таа визија во голема мера може да се реализира. Во која мера едно општество може да ја реализира оваа визија, многу зависи од степенот на учество на неговите граѓани во заедничкото и индивидуалното фомирање на никогаш завршената задача за реализација на оваа визија.


Критериуми за вклучување за овој SEE EDC INFO веб портал

Што им е потребно на граѓаните со цел да бидат во можност и да имаат волја да учествуваат? Потребни им се многу нешта, а доколку формалната мрежа постои:

Граѓанинот треба да може да чита и пишува, да има пристап до образование и информации, да знае како да учествува во процесот на донесување одлуки, да биде самоуверен, толерантен кон другите, да ги знае своите права и каде да ги бара итн. Станува збор за бескрајна листа на предуслови.

EDC вклучува голем дел од овој „каталог“ на неизбежни предуслови за демократско граѓанство.

Но, од прагматични причини ние решивме да ги ограничиме нашите критериуми за дефинирање на EDC за овој проект SEE EDC INFO. Го исклучуваме општото образование, иако тоа е предуслов за демократско граѓанство. Прво, мнозинството граѓани во Југоисточна Европа знаат да читаат и пишуваат и имаат пристап до основно образование. Второ, постои еден портал за образование за Југоисточна Европа, а ние не сакаме да ги дуплираме работите (види http://www.see-educoop.net).

Исто така, ги исклучивме сите активности што се занимаваат со социјални и економски аспекти. Се согласуваме со тоа дека еден граѓанин, чии основни потреби не се исполнети (храна, живеалиште), тешко дека ќе може да дејствува како ангажиран граѓанин. Но, ние сметаме дека во овој географски регион, иако има многу сиромаштија, постои релативно низок процент на вистински бездомници и гладни. Второ, нашиот веб портал би бил премногу скап доколку би ги вклучиле сите активности што го поддржуваат социјалниот и економскиот развиј, намалувањето на сиромаштијата итн.

Така, одлучивме да се занимаваме со сите практики и активности што поддржуваат активно демократско граѓанство преку стекнување знаење и развој на вештини и ставови. Во согласност со Советот на Европа ние не го ограничуваме овој термин на формално образование, туку предвид ги земаме сите форми на целоживотно учење (формално, неформално, информално).

Сите содржински записи се вклопуваат во одредени конкретни категории:
SEE EDC INFO спецификација на содржина


Зошто уште една веб страна?

Уште од средината на 1990-тите постојат безброј иницијативи, проекти, програми и организации што работат во насока на промоција на активно демократско граѓанство. Голем дел од овие иницијативи се билатерални развојни проекти со странски партнери и средства. Од 1999 (почетокот на Пактот за стабилност за ЈИЕ), започнаа голем број мултилатерални проекти, кои ползуваа од сличностите во овој регион. Беа воспоставени и сеуште постојат цела редица на формални и неформални мрежи. Но, невозможно е да се има целосна слика за тоа, кој што прави, кои ресурси постојат и какви искуства се стекнати.

Голем број повикуваат на соработка, па дури и на основање на регионален центар за EDC што ќе дејствува како „клириншка куќа“. Овој веб портал се обидува да помогне во соработката со давање на место, каде можат да се најдат релевантни информации за EDC и платформа за зголемена размена на искуство, ресурси и контакти.


Ингрид Халбритер
Уредник на веб порталот SEE EDC INFO
Менаџер на програмата на НВО Д@далос Сараево
Е-пошта: ingrid.halbritter@see-edc.info

последно ажурирање на оваа страна

2006-04-24 09:56:38